Хрватска можеби ја декласираше Аргентина со 3:0 на СП во Русија, но тоа не го спречи капитенот Лука Модриќ да му прати видео-порака на претседателот на Аргентина, Маурисио Макри и дрес со 10-тката од Реал Мадрид.
„Поздрав, драг претседателе. Знам дека сте голем фудбалски навивач и чест ми е да Ве поздравам. Ви посакувам Вам и на цела Аргентина многу среќа во иднина. Еден подарок за Вас и се надевам дека ќе се сретнеме“, вели Модриќ во пораката пратена преку „Ватсап“.
Макри видеото го покажа на Фејсбук со кратка порака: „Каков великан е Модриќ“.