Пелистер со 5:2 беше подобар од Победа во „пелагониското дерби“ во четврт-финалето на Купот на Македонија за да дојдат на чекор до пласман во полуфиналето, а победи остварија и Ренова и Академија Пандев.
Ренова со 2:0 го совлада Скопје, додека Академија Пандев продолжи со одличните игри со 2:0 победа на гостувањето кај Тетекс. Реваншите се играат на 29 ноември.
Додека трите тима се на чекор од полуфиналето, Вардар и Шкупи уште го немаат одиграно ниту осминафиналниот дуел. Подобриот од овој дуел ќе се судри со Шкендија.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/4 ФИНАЛЕ
Пелистер – Победа 5:2
Ренова – Скопје 2:0
Тетекс – Академија Пандев 0:2
Шкупи/Вардар – Шкендија