Младиот дефанзивец на фудбалскиот клуб Сент Етиен, Вилијам Гомис, бил убиен во неделата објавија француските медиуми.
Се уште нема официјална информација за околностите под кои 19-годишниот фудбалер го загубил животот, а медиумите повикувајќи се на изјава на поранешниот скаут на Сент Етиен, Мохамед Аит-Хида, објавија дека фудбалерот бил убиен со огнено оружје во Ла Сен сир Мер.
Гомис е роднина на поранешниот напаѓач на Сент Етиен, Свонси и Галатасарај и репрезентацијата на Франција, Бафетимби.
19-годишниот фудбалер, лани одиграл 18 натпревари за вториот тим на Сент Етиен, а оваа сезона го чекал дебито за првата екипа.
Фудбалскиот клуб се уште се нема огласено по повод трагичниот настан.