Top Sport

Убиен фудбалер пред ноќен клуб во Тулуз, брат на Серж Орие од Тотенхем

Фудбалерот Кристофер Орие (26), брат на ѕвездата на премиерлигашот Тотенхем, Серж Орие е убиен утринава пред ноќен клуб во францускиот град Тулуз.

Орие бил убиен околу 5 часот утринава со истрели од огнено оружје. Минувачи го пронашле и повикале полиција и итна помош, но било предоцна.

Не е познато кој е убиецот.

Кристофер со 16 години бил на проба во англиски Брентфор, но таму не успеал да се докаже. Сезонава играл за локалниот петтологаш Тулуз Родео.

Информациите кои утринава доаѓаат од Франција се дека братот на ѕвездата на Тотенхем бил проблематичен, како и комплетното семејство.

Scroll to Top