Дестини Удоџи, кој од лето ќе биде фудбалер на Тотенхем, го постигна најбрзиот гол оваа сезона во Серија А, стрелајќи за Удинезе да поведе против Сасуоло по само 25 секунди, но тоа не беше доволно за победа, откако гостите се вратија за интересно 2:2 реми во меч од 22. коло во италијанскиот шампионат.
20-годишниот Удоџи во 25. секунда од мечот во првата акција, упати прекрасен гол од работ на шестнаесетникот за водство на домаќините. Ова е трет гол за италијанскиот младински репрезентативец оваа сезона.
udogie goal pic.twitter.com/VcBfyZvZyA
— Click to follow – Abhi COYS ⚪ (@runningupthegil) February 12, 2023
Сасуоло бргу се освести и во шестата минута израмни преку Матеуш Енрике, за по само 10-тина минути гостите да останат без еден од своите најдобри играчи, Доменико Берарди, кој се повреди и мораше да биде заменет. Удинезе пак дојде во воство во 28. минута со голот на Словенецот Јака Бијол, но на полувреме се отиде со 2:2 резултат, откако Нехуен Перез си постигна автогол во 45. минута.
Удинезе, сега без победа во последните три меча, се на осмото место во Серија А со 30 поени, додека Сасуоло се на 15. место со 24 освоени поени.