Top Sport

Удинезе го закопа СПАЛ и избега од опасна зона, за Нестор-гол десетина минути

Екипата на Удинезе како гостин славеше убедлива победа 0-3 против „фенерџијата“ во Серија А, екипата на СПАЛ во рамки на 31 коло.

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски немаше голем удел во победата на својата екипа, тој во игра влезе во 82 минута и тоа токму на местото на Ласања кој минута претходно го постигна третиот гол за својата екипа.

Претходно, во првиот дел „црно-белите“ од Удине сместија уште два гола во мрежата на СПАЛ. Во 18 минута Де Пол донесе почетно водство, а на 0-2 зголеми Окака во 35 минута.

Со овие гостински 3 бода, Удинезе собра 35 доволни за бегство од опасната зона, моментно на 14 позиција.

СПАЛ останува закован на дното со само 19 поени, дури 9 помалку од позицијата која засега носи опстанок во Серија А.

Scroll to Top