Top Sport

„Удрија“ по Санчез: Не работи ништо, а неделно зема 505 илјади фунти

Манчестер јунајтед, синоќа одигра уште еден лош натпревар, а менаџерот Жозе Мурињо е чекор поблиску до отказ. Доколку клубот реши да го отпушти Португалецот, заедно со него би можел да си оди и Алексис Санчез.

Чилеанецот е еден од најдобро платените фудбалери во светот, но во Манчестер јунајтед тој игра како аматер.

https://twitter.com/The0ttomanTurk/status/1047226184063496194

Алексис Санчез има неделна плата од 505 илјади фунти, а последниот гол за Јунајтед го постигнал во април.

Манчестер јунајтед против Валенсија одигра 0:0, во атмосфера која на „Тетарот на сништата“ и беше театарска, а единствениот момент кога трибините се разбудија беше во 75.минута, кога теренот го напушти Алексис Санчез.

За многумина Чилеанецот точно го отсликува се она што се случува во славниот клуб и дека не ја заслужува платата, бидејќи не работи буквално ништо.

Scroll to Top