Натпреварот помеѓу ПСЖ и Башакшекир, кој вчера беше прекина во 13.минута, ќе се одигра вечерва. УЕФА реши да делегира нови судии за овој натпревар. Дуелот беше прекинат поради расистички испад на четвртиот судија. Фудбалерите на Башакшехир го напуштија теренот, а поддршка добија и од колегите од ПСЖ.
Вечерва, главен судија ќе биде Дани Макели од Холандија, за прв помошник е одреден неговиот сонародник Марио Дикс, вториот помошник ќе биде Полјакот Марчин Боњек. Четврти судија ќе биде Бартош Франковски од Полска.
Во ВАР-собата ќе седат судиите од Италија, Марко ди Бело и Маурицио Маријани.
Натпреварот ќе започне во 18.55 часот, за Башакшехир нема натпреварувачко значење, додека ПСЖ со победа ќе го обезбедат првото место во Х-групата.