Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена дисциплински постапки против белградските клубови Партизан и Црвена звезда, пори однесувањето на нивните навивачи на натпреварите во Лига Европа. Партизан во четвртокот го победи Јанг Бојс 2:1, а Црвена звезда одигра 0:0 во Белорусија против БАТЕ Борисов.
Паризан со победата над Јанг Бојс, на коло до крајот, обезбеди пласман во нокаут фазата, но УЕФА на мечот во Белград детектирала низа неправилности.
Употреба на пиротехника, користење на разглас, влегување на навивачи на теренот, расистички повици, блокирање на скалите и присуство на теренот на неакредитирани новинари.
Против Црвена звезда се води постапка поради расистички испади на нејзините навивачи на стадионот во Борисов.
УЕФА дополнително ќе го одреди датумот кога ќе ги разгледува овие предмети.