Top Sport

УЕФА ги предупреди Башакшехир за салутирањето, но не ги казни

УЕФА прати официјално „предупредување“ до турскиот клуб Башакшехир, откако нивните фудбалери војнички салутираа за прослава на гол при меч од Лига Европа на 24 октомври.

Контроверзниот момент се случи на 24 октомври против австрискиот Волфсбергер во Истанбул, кога Башакшехир победи со 1:0. Иако клубот не реагираше, ваквото салутирање се смета како знак за поддршка на турската војска и нивната операција во Сирија. Покрај ова, Башакшехир се смета за „чедо“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и негов „миленик“.

Дисциплинската комисија на УЕФА, го предупреди тимот да не се повтори инцидентот, но не го казни. Претходно, УЕФА реши да не ја казни турската репрезентација за истиот војнички поздрав при мечот од квалификациите за Евро 2020 помеѓу Турција и Франција.

Турците по победата салутираа на војниците во Сирија

Scroll to Top