Динамо Загреб следниот меч во Европа ќе го одиграат без публика поради расистичкото однесување на нивните навивачи за време на мечот од Лига Европа против Бенфика, потврди УЕФА.
Хрватските шампиони се казнети и 20.000 евра, додека им се заканува уште еден меч без публика доколку инцидентот се повтори во следните две сезони. Но, тоа не е сè. Клубот доби дополнителна казна од 47.000 евра за пиротехника на трибините и блокирање на скалите на стадионот.
Покрај Динамо, казнети се и Динамо Киев, кои ќе мораат да затворат дел од својот стадион на следниот домашен меч, откако во февруари во мечот со Олимпијакос нивните навивачи влегоа на теренот. Малме (58.000 евра) и Челси (13.000 евра) се казнети поради инцидентите на нивните мечеви во февруари.