Европската фудбалска унија (УЕФА), официјално го објасни спортниот момент што му претходеше на голот на Душан Тадиќ, на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ајакс.
Ајакс го декласираше Реал во вторникот со 4:1 и се пласираше во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Тадиќ блескаше на овој натпревар со гол и две асистенции.
За многумина беше спорна акцијата во 62 минута што и претходеше на голот на Тадиќ за 0:3, односно дали играчот на Ајакс (Мазрауи) успеал навреме да спречи топката да излезе во аут или не.
Во Реал се убедени дека топката завршила надвор од теренот кога бекот на Ајакс ја вратил во теренот.
„Не постои доказ ниту снимка што можат да потврдат дека топката ја минала линијата. Немаше потреба главниот судија да ја прегледува снимката. Линискиот судија беше во совршена позиција, тој не видел дека топката ја минала линијата и поради неговата одлука голот е признат“, се наведува во соопштението од УЕФА.
Голот на Тадиќ судиите на теренот го признаа по неколку минутна комуникација со колегите во ВАР-собата.
? | Goal Video
Real Madrid 00(02) x (04)03 AFC Ajax
⚽ ➡ ?? (10) Dušan Tadić#REAAJA | #UCL | ❌❌❌ pic.twitter.com/YFk2QaoNhg
— ?? AFC Ajax in English ?? (@AFCAjaxEnglish) March 5, 2019