Дисциплинската комисија на УЕФА ја одби жалбата на мадридски Реал и ја потврди казната за десниот бек Дани Карвахал.
Дефанзивеџот на Реал доби суспензија на два натпревари бидејќи на дуелот во групата против АПОЕЛ намерно доби жолт картон, за да го „исчисти“ картоните пред нокаут рундата.
УЕФА сепак не ја прифати жалбата на Реал, што значи дека европскиот првак во првиот осминафинален меч против ПСЖ ќе биде без Карвахал, што само дополнително му ги зголеми проблемите на Зидан.
Суспензијата на Карвахал значи дека единствена опција по десната страна во одбраната е Начо, кој ќе биде задолжен за Нејмар.
Натпреварот Реал-ПСЖ на програмата е наредната среда.