Top Sport

УЕФА ја призна грешката на судијата и објасни зошто ВАР не се вклучил

УЕФА потврди дека грешка на главниот судија Артур Дијаз и неговите помошници, му претходела на голот на Манчестер сити против Реал, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.

Новинарите на Еуроспорт објавија дека истото им го потврдила и УЕФА.

„Бернардо Силва ја испрати топката надвор од рамките на игралиштетот, но ВАР не смееше да се вмеша кај голот на Де Брујне, бидејќи веднаш откако Силва ја врати топката во теренот Реал ја освои. Така дојде до промена на поседот и нова акција. Се работи за грешка на помошниот судија на таа страна, кој не покажа аут. Кога ќе се смени поседот започнува нова акција, поради тоа ВАР не можеше да се вклучи“, изјавиле од УЕФА за Еуроспорт.

Исто мислење има и експретот за судење на водечкиот шпански спортски медиум „Марка“, Павел Фернадез.

Првиот полуфинален натпревар во Мадрид заврши без победни 1:1, реваншот во Манчестер на програмата е во среда.

Scroll to Top