Воениот злосторник Ратко Младиќ, кој вчера во Хаг беше осуден на доживотна затворска казна, покрај очекувната поддршка од навивачите на Црвена звезда и партизан, доби помалу и неочекувата поддршка од фановите на Зенит, која скапо ќе ја чини рускиот тим.
УЕФА најави дека еден натпревар пред празни трибини ќе играат сите клубови чии навивачи ќе го слават Ратко Младиќ.
Зенит вчера играше со Вардар (2:1), а неговите навивачи ситакнаа транспарент на кој пишуваше: „Ратко Младиќ, српски херој“.
Со овој траспарент тие сами си ги затворија портите на стадионот за наредниот меч на Зените во Лига Европа.
За разлика од фановите на Зенит, навиваите на Црвена звезда и Партизан му изразија поддршка на злосторникот без да го споменат неговото име.
„Благодарност до твојата мајка“, пишуваше на транспарентот кој навивачите на Партизан го истакнаа на натпреварот против Јанг Бојс, додека навивачите на Црвена звезда во Белорусија, на стадионот на БАТЕ Борисов, го истакнаа транспарентот: „Илјада доживотни казни да ти дадеа, чесен Србин тебе ќе те слави“.