Top Sport

УЕФА: Кристијано Роналдо е под истрага

Истрага поради непримерно гестикулирање покренале од Европската фудбалска унија (УЕФА) против напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо.

Португалецот, решил да го имитира тренерот на Атлетико Мадрид и неговата прослава на првиот меч помеѓу двата тима, одигран во Мадрид.

Симеоне покажа кон своите гениталии, а истото го направи и Роналдо во Торино.

Тренерот на Атлетико потоа се правдаше дека гестот не бил насочен кон играчите и навивачите на Јувентус. УЕФА отвори истрага и потоа го казни парично со 20.000 евра.

Се претпоставува дека и Роналдо ќе добие иста казна како и Симеоне. Меѓутоа во Јувентус треперат од одлуката што треба да биде објавена на 21 март, бидејќи тренерот на Атлетико кога славеше беше свртен кон својата клупа и стручниот штаб, а Роналдо непристојниот гест им го намени на фановите на Атлетико, бидејќи славеше пред трибината на која беа тие сместени.

Scroll to Top