Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, ќе може да смета на услугите на Александар Лаказет на реваншот против Лига Европа. УЕФА ја прифатиле жалбата на Арсенал и му ја намалиле суспензијата на францускиот напаѓач.
Во претходната рунда, во првиот меч од шеснаесет финалето против БАТЕ Борисов, Лаказет доби црвен картон поради удирање на противнички играч. УЕФА му определи суспензија од три натпревари.
Тој не играше во реваншот против Белорусите, а го пропушти и првиот осмина-финален меч против Рен, кој им припадна на Французите со 3:1.
Фудбалерите на Арсенал утре ќе го пречекаат Рен, утре од 21 часот.