Првата сезона во која македонскиот шампион Вардар играше во натпреварите по групи од Лигата на Европа помина со пет порази и едно реми, а сега и со казна од 30.000 евра од страна на УЕФА.
Европската фудбалска асоцијација не е задоволна од организацијата на последниот натпревар по групи на „Филип Втори“ во Скопје, кога Вардар го пречека Розенборг и го освои единствениот поен со 1:1 ремито.
УЕФА покрај лошата организација, го казни Вардар и за користење на пиротехнички средства и фрлање на предмети на теренот, бидејќи во тој меч „Комитите“ го прославија својот јубилеј.