Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја отфрли апликацијата на Милан за договор за финансискиот фер-плеј, фрлајќи повторно сомнеж околу сопствениците на италијанскиот гигант.
УЕФА потврди дека има сомнежи околу способноста на Милан да го исплати долгот од 300 милиони евра до американската компанија „Елиот менаџмент“ до следниот октомври.
„Независното тело за финансиска контрола на УЕФА ја разгледа апликацијата на Милан како дел од финансискиот фер-плеј. По внимателно разгледување на документацијата, нема да има одоговр со италијанскиот клуб. Заклучокот е дека сè уште има многу несигурности околу враќањето на долговите до октомври 2018 и финансиските гаранции на главниот акционер.
Ќе продолжиме со надгледувањето, по што ќе се вратиме на случајот во првите месеци во 2018 година“, се вели во соопштението на УЕФА.
„Росонерите“ сега ќе мораат да преговараат за договор со кој ќе биде ограничено нивното трошење.
Милан е купен од измамник, клубот може да биде исфрлен од европските купови