Top Sport

УЕФА: Парична казна за Партизан, суспензија за Тошиќ

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни парично со 16.000 евра фудбалскиот клуб Партизан и ја потврди супензијата за играчот на овој клуб Зоран Тошиќ.

УЕФА парично го казни Партизан бидејќи пред натпреварот со Скендербег во Лига Европа на влезовите на јужната трибина имало премногу метеж.

Тошиќ на иститот натпревар доби жолт картон, кој е втор за него во ова натпреварување. Партизан се жалеше на оваа одлука, бараше жолтитот картон да биде поништен, но УЕФА само потврди дек Тошиќ нема да може да настапи за Пртизан во клучниот европски натпревар против Јанг Бојс на 23.ноември.

Партизан има рок од пет дена да ги обжали овие одлуки на УЕФА.

Scroll to Top