Дисциплинската комисија на УЕФА, парично со 30.000 евра, го казни фудбалскиот клуб Евертон, поради инцидентот на натпреварот во Лига Европа, против Лион, кога еден навивач се обиде да го удри гостинскиот голман.
УЕФА наведе дека „Евертон е виновен за агресивното однесување на навивачот кон играчите“.
Натпреварот се одигра во октомври, заврши со победа на Лион (1:2), а во фокусот на вниманието дојде кога излезе снимката на навивач кој држите дете во рацете и се обидува да удри еден од противничките фудбалери, кој стои блиску до трибината.
Евертон веднаш соопшти дека на навивачот доживотно ќе му забрани да присуствува на натпреварите на клубот.