Top Sport

УЕФА планира „летна“ Лига на шампиони со четири клуба во САД или Азија?

УЕФА продолжува со промените во своите натпреварувања со нови идеи, како летен турнир на четири клуба кои настапуваат во Лигата на шампионите, кој сигурно ќе предизвика големи реакции кај големите клубови кои и сега се жалат на големиот број на натпревари.

Според „Дејли мејл“, УЕФА планира овој летен мини-турнир да се игра на локации навор од Европа, најверојатно во САД или во Азија, и би биле алтернатива на летните турнеи кои ги прават големите клубови.

Секако, бидејќи и на тие турнири клубовите заработуваат добро, УЕФА ќе мора да даде финансиска мотивациј за најголемите клубови.

Scroll to Top