Лигата на нации која ќе започне наредната година би можела да се прошири од Европа и на останатите континенти. Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека ќе започне разговори за проширување со останатите конфедерации.
УЕФА и Светската фудбалска федерација (ФИФА) како што е соопштено имале „конструктивни дискусии“, но дека се уште не е донесена никаква одлука.
„Ваквите разговори имаат за цел да створат добри односи. Од почетокот сите беа вклучени во дискусијата“, се наведува во соопштението на УЕФА.
Во Лигата на нации во првата сезона ќе се натпреваруваат сите 55 членки на УЕФА, а натпреварите ќе се играат во термините кои ФИФА ги определува за пријателски натпревари.