Top Sport

УЕФА (засега) нема да го исфрли Динамо од европските купови

УЕФА ќе ја одложи одлуката за исфрлање на Динамо Загреб од европските купови. Синоќа во Атина, хулиганите, Бед Блу Бокс, предизвикаа нереди во населбата Нова Филаделфија, во кои загина еден навивач на АЕК.

Полицијата ги бара убијците, истрагата е во тек, се собираат докази, грчката јавност виновниците ги бара во полицијата, а УЕФА бара нови термини за одложениот натпревар.

Првиот меч ќе се игра на 15 август во Загреб, кога требаше да биде реваншот, а УЕФА им предложи на клубовите одложениот прв меч да се игра во Атина на 18 или 19 август.

Како што дознава „Јутарњи лист“, УЕФА ќе му постави ригорозен услов на Динамо.

Доколку има некакви инциденти, сомнителни транспаренти, расистички или други скандирања кои би можеле да се протолкуваат како проблематични на „Максимир“, Динамо ќе биде исфрлен од Европа.

Scroll to Top