Top Sport

Уеска наредната сезона ќе биде во друштвото на Реал, Барса, Атлетико…

Фудбалерите на Уеска, клуб основан во 1960 година, прв пат во својата историја избори пласман во елитниот ранг на шпанскиот фудбал. Уеска е мал град од 53.000 жители во провинцијата Арагон што се наоѓа под Пиринеите, а своите натпревари ги игра на стадионот „Ел Алкораз“, со капацитет од 5.500 места.

Уеска, во рамките на 40.коло во Сегунда, победи кај Луго со 2:0 и на две кола до крајот на првенството стекна недостижни седум бода предност во однос на трето пласираниот Спротинг Хихон.

Головите за неверојатниот успех на малиот клуб од Арагон ги постигнаа Гаљар во шестата и Пулидо во 38.минута.

Покрај Уеска најмногу шанси да избори директен пласман во Ла Лига има Рајо Ваљекано. Клубот од мадридскиот стадион „Ваљекас“, има пет бода повеќе од Спортинг и му се потребни уште два бода за да се врати меѓу елитата.

Третиот патник во Ла Лига ќе биде познат по одигрувањето на плеј-офот, во кој ќе учествуваат екипите што ќе изборат пласмна од третото до шестото место во Сегунда.

Од најсилната шпанска лига испаднаа Малага, Лас Палмас и Депортиво Ла Коруња.

Scroll to Top