Top Sport

Уеска за пет минути го шокираше Бетис (Видео)

Екипата на Уеска триумфираше над Бетис 2:1, во последниот меч од саботната програма во Ла Лига. Ова е деби победа на домашен терен за Уеска, а исто така е втор триумф сезонава и прв по пауза од 16 натпревари. Дебитантот во лигата славеше во првото коло кај Атлетик Билабо, а сега и против фаворизираниот Бетис, чии амбиции се место кое води во Лигата на шампионите.

Головите на исклучително возбудливиот натпревар во Уеска беа постигнати во второто полувреме. Санабрија погоди за Бетис од пенал во 55.минута, на кој му претходеше стартот на Ечеита врз Тељо.

Играчите на Уеска пресвртот го направија за само пет минути кога најпрвин во 74. израмни Фереиро, а во 79.минута конечниот резултат го постави Ривера со прекрасен волеј удар.

И покрај победата Уеска остана на последната позиција но сега со 11 бода, додека Бетис остана на 26 бода и на шестото место.

foto:epa

Scroll to Top