Top Sport

Украина со лесна победа над Албанија (видео)

Украина стигна до убедлива 4:1 победа над Албанија на пријателски меч во Винтертур, Швајцарија, во пресметка на две репрезентации кои не се квалификуваа на Мундијалот во Русија.

Украинците ја обезбедија победата во 15 минути во финишот на првото полувреме, кога Андриј Јармоленко постигна два гола, а Евген Конопљанка имаше гол и асистенција.

По големиот број на промени во второто полувреме, Албанија прво намали на 1:3 преку Емануеле Ндој, пред Конопљанка во 90-тата минута да го постави конечниот резултат.

Scroll to Top