Top Sport

Украинските хулигани се снимаа пред нападот на навивачите на Ливерпул (видео)

Украинските фудбалски хулигани се снимаа пред да ги нападнат навивачите на Ливерпул во Киев во четвртокот.

Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа група на маскирани луѓе пред да влезат во ресторанот „Рустер грил“ во близината на „Олимпискиот стадион“ и да ги тепаат навивачите на англискиот клуб.

Првото видео во ресторанот покажува група на навивачи како се бранат од групата од 15 хулигани додека се фрлаат маси и столици во ресторанот.

Украинската полиција потврди дека „двајца странци“ се повредени во инцидентот и дека двајца се уапсени. Дел од навивачите на Ливерпул велат дека главната причина за нападите е собирањето на навивачките знамиња.


Scroll to Top