Top Sport

Улие ги предупреди Ливерпул: Големи тимови не губат два меча во низа

Поранешниот тренер на Ливерпул, Жерар Улие не е загрижен по крајот на победничката серија на „црвените“ со 3:0 неочекуваниот пораз од Вотфорд, но ги предупреди дека „големите тимови не губат двапати во низа“.

По 44 меча без пораз и со рекордна 19 победа во низа, момците на Јирген Клоп изгледаа лошо на гостувањето кај Вотфорд, но сепак имаат 22 поени предност во Премиер лигата. Тие се враќаат во акција во вторник навечер во дуел од ФА купот против Челси, пред во сабота да играат со Бурнемаут како домаќини.

„Мислам дека во тој меч Вотфорд покажаа поголем интензитет од Ливерпул. Но, не е крај на светот и да загубиш. Следниот меч секогаш е најважниот. Голем тим не губи двапати во низа, мислам дека тоа е јасно“, вели Французинот.

Покрај овој пораз, Ливерпул загуби со 1:0 од Атлетико Мадрид во првиот меч од осминафиналето од ЛШ, а имаше и две тесни победи над Норич и Вест хем, но Улие вели дека е прекрасно да се види тим кој се бори до крај.

„Го почитувам духот и квалитетот на тимот, начинот на кој играат, страста која ја покажуваат, и мојот пријател Јирген Клоп. Постојано сме во контакт и ќе одам да го видам да му честитам на титулата, бидејќи ако едно нешто е сигурно е тоа, титулата е на Ливерпул. И никој нема да биде повеќе горд од мене“, вели Улие.

Scroll to Top