Top Sport

Ултиматум за Чави, може да си замине за 10 дена!

Чави Ернандез нема да ја предводи Барселона следната сезона, а можно е да не го дочека крајот ниту на оваа.

Ремито со Гранада не беше добро прифатено во клубот, Жоан Лапорта фрли чинии со кетеринг во ВИП ложата, по мечот се одржа итен состанок, а денеска стигна веста – Чави може да си замине за 10 дена.

Ултиматумот е следен – во случај на негативен резултат на првиот осминафинален натпревар против Наполи, Чави ќе добие отказ.

Барселона на 21 февруари му гостува на Наполи, а Чави може да добие отказ доколку Каталонците загубат.

Со начинот на кој играат во моментов и што не можеа да ги победат ниту Виљареал ниту Гранада на домашен терен, тешко дека можат да се надеваат на позитивен резултат.

Засега не се знае кој би можел да биде привремено решение доколку Чави биде отпуштен.

 

Текстот Ултиматум за Чави, може да си замине за 10 дена! е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top