Top Sport

Ултиматум за Фонсека од Рома: Бодови итно или отказ!

Италијанските медиуми пишуваат дека следните два меча на Рома се пресудни за тоа дали актуелниот тренер на екипата, Пауло Фонсека ќе остане на кормилото на клубот.

Рома во следното коло ја пречекува Парма, а потоа и гостува на Бреша.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека поставен е ултиматум за Португалецот по трите врзани порази на „волчицата“.

Рома има три неуспеси по ред, со Милан, Удинезе и Наполи, со само еден постигнат гол и 6 примени.

Рома моментно е на петтото место со 48 бода колку на шестата позиција има и Наполи.

Доколку Португалецот не успее да се избори со притисокот, како потенцијални замени се споменуваат Лучано Спалети, Маурисио Покетино, но и Масимилијано Алегри.

Scroll to Top