Ултрасите на Фиорентина со банер им се заканија на првите луѓе на клубот, откако објавија порака пред тренинг-центарот на клубот од Фиренца: „Нашата љубов кон дресот е бесконечна, нашето трпение не е“.
Фиорентина е на 17. место во Серија А со само три поени над зоната за испаѓање, откако во 11 кола имаат само две победи. Чезаре Прандели, легендарниот тренер на тимот се врати за да спаси што може по отказот за Бепе Јакини минатиот месец, но во четири натпревари успеаја да освојат само еден поен.
Прандели ги прати играчите на „казнен тренинг“ по 3:0 поразот кај Аталанта, но тоа не ги убеди навивачите. Пред божиќната пауза во Италија, Фиорентина игра со Сасуоло и Верона.
FOTO FN – Lo striscione degli 1926: "L'amore per la maglia è infinito, la pazienza no. Svegliatevi tutti!"#Fiorentina https://t.co/nWTEWAmkNA
— Fiorentinanews.com (@Fiorentinanews) December 14, 2020