Александар Коларов, левиот бек на Рома, се наоѓа во не милост на ултрасите. Тие му испратија порака и на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите против Порто (2:1).
Коларов веќе подолг период трпи навреид од страна на ултрасите на Рома. Откако пред неколку недели го нарекоа „п….н Хрват“, синоќа му порачаа дека е „копиле“.
„Коларов е копиле“, пишува на транспарентот што го истакнаа ултрасите на Рома што само јасно покажува каков статус има капитенот на српската репрезентација кај нив.
Италијанските медиуми веќе пишуваат дека Рома ќе го стави Коларов на трансфер листата, како и дека Колар во летниот преоден рок ќе го напушти Рим.