Top Sport

Уметноста на „глумењето“! Кјелини заборави каде го удрија! (видео)

Џорџо Кјелини е еден од најстандардните централни дефанзивци во последната деценија, човек на кој Јувентус секогаш може да се потрпе, но во вторникот, ветеранот малку се „заборави“ со своето „глумење“.

Во дуел со својот поранешен колега Алваро Мората, Кјелини реши да се фрли на тревата. Мората ја имаше раката на Кјелини, но очигледно беше дека ветеранот сакаше да извлече картон за Шпанецот.

Но, тоа не беше сè. Подоцна тој имаше дуел со Анхел Кореа, блокирајќи го Аргентинецот, по што реши театрално да се фрли на земјата, дури заборавајќи дали добил удар во градите или грбот!

Scroll to Top