Top Sport

Умтити доби нов петгодишен договор со Барселона

Сите шпекулации дека Самуел Умтити следната сезона ќе игра во Премиер лигата „паднаа во вода“ откако Французинот потпиша петгодишно продолжување на договорот и сега останува на „Ноу Камп“ до 2023 година.

24-годишниот Умтити се покажа како одлично засилување на Барса, работејќи во партнерство со Жерард Пике, откако пристигна во Барселона од Лион во 2016 за 25 милиони евра. Тој е дел од француската репрезентација за СП во Русија и се очекува да има стартно место покрај Рафел Варан од Реал Мадрид.

„Јасно е дека сакам да останам во Барселона и следната сезона. Сега сум во клубот кој ми ги остварува соништата. Доколку не решат да ме исфрлат низ врата, јас останувам“, изјави Умтити минатата недела.

Фото: ЕПА

Scroll to Top