Top Sport

Умтити е прескап за Арсенал – „топчиите“ имаат само 80 милиони за засилувања!

Арсенал би сакале во својот состав да го додадат дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити, но последните вести од Англија зборуваат дека „топчиите“ едноставно нема да можат да си го приуштат.

Околу францускиот интернационалец подолго време има шпекулации за трансфер во Премиер лигата,  и се тврди дека тој би сакал да игра за Арсенал, меѓутоа според порталот „Гол“, тимот на Унаи Емери ќе има само 80 милиони евра (70 милиони фунти) за трошење на трансфери ова лето.

Трансферот на Умтити би ги потрошил сите тие пари, што значи дека Арсенал едноставно ќе побара други (поевтини) фудбалери. Интерес за 25-годишниот Умтити, кој оваа сезона немаше среќа со повредите, има и во Манчестер јунајтед и во Јувентус.

Барселона е подготвена да го продаде фудбалерот за да собере пари за Матијс де Лихт од Ајакс (откако веќе го купија Френки де Јонг), а во одбраната ги имаат и Клемен Ленгле и Жерард Пике.

Scroll to Top