Top Sport

Умтити: Си одам само ако ме избркаат

Еден од клучните фудбалери на Барселона во освојувањето на двојната титула, Самуел Умтити, рекол дека нема намера да го напушти „Ноу Камп“. Медиумите неколку месеци шпекулираат дека репрезентативецот на Франција, во летниот преоден рок, ќе ја напушти Барселона, доколку не му биде зголемена платата.

„Во овој момент имам цврст договор, што значи би заминал само доколку ме исфрлат низ вратата, или доколку самиот тоа го посакам“, рекол Умтити.

Дефанзивецот има договор со Барселона до 2021 година, а откупната клаузула во неговиот договор изнесува 60 милиони евра.

Scroll to Top