20-годишниот турски напаѓач на Вилјареал, Енес Унал е човекот кој можеби ги урна надежите на Атлетико Мадрид за титула од Ла лига, откако постигна два гола во финишот на натпреварот за 2:1 победа во неделниот натпревар.
Атлетико имаа предност од 0:1 во првото полувреме, откако Антоан Гризман постигна гол од пенал во 20. минута, меѓутоа финишот на натпреварот целосно му припадна на тимот со прекар „жолтата подморница“.
Унал, кој влезе во игра во 74. минута, постигна два гола во 82. и 91. минута за шок на „јорганџиите“, кои сега остануваат на 11 поени зад Барселона во трката за трофејот. Вилјареал се на петтото место во нова солидна сезона.
Фото: ЕПА