Поранешниот помошник-тренер на Барселона, Хуан Карлос Унзуе смета дека дел од фудбалерите едноставно не се способни да го изддржат притисокот да играат покрај фудбалер како Лионел Меси, по критиките дека ја „уништил“ кариерата на Антоан Гризман.
Унзуе, кој му беше помошник на Луис Енрике од 2014 до 2017 година на „Ноу Камп“, вели дека стандардите кои ги наметнува Меси се превисоки за дел од неговите соиграчи
„Тоа што го оддржа Меси на врвот е амбицијата и способноста да се живее под стрес. Тој од самиот себеси бара да е најдобар и како резултат на тоа, сака да ги има најдобрите околу себе – соиграчи, физиотерапевти, тренери… Тоа предизвикува стрес кај дел од соиграчите кој не можат да го поднесат“, вели 53-годишниот Унзуе.