Top Sport

Урибе и Бака добиле смртни закани

Фудбалските репрезентативци на Колумбија, Карлос Бака и Матеус Урибе, добиле смртни закани од навивачите, по промашените пенали и елиминацијата од Англија, во осмина-финалето на Светското првенство.

Урибе во четвртата серија ја погоди гредата, а во петтата серија ударот на Бака го одбрани англискиот голман Пикфорд.

По мечот на социјалните мрежи фудбалерите добиле заканувачки пораки: „Мртви сте“, „Не се враќајте во државата“, „Го одигравте последниот натпревар“…

Претходно слични пораки добиваше и Карлос Санчез. Овој фудбалер, во првото коло доби црвен картон, а Колумбија загуби од Јапонија 1:2.

Заканите упатени кон Урибе и Бака колумбиските власти сериозно ги сфатила и започнале истрага за да се спречи евентуална трагедија, каква што се случи пред 24 години, кога беше убиен Андреас Ескобар.

Несреќниот фудбалер на СП во 1994 година постигна авто-гол, а Колумбија беше елиминирана првенството.

Scroll to Top