Top Sport

Уругваец ќе им суди на Франција и Белгија

ФИФА го делегираше судијата од Уругвај, Андреас Куња, за главен арбитар во првото полу-финале на Светското првенство што ќе го одиграат Франција и Белгија.

Франција и Белгија ќе ги вкрстат копјата на 10.јули, на Крестовски стадионот во Санкт Петербург, а правдата ќе ја дели 41-годишниот Уругваец.

Куња, во досегашниот тек од Светското првенство, судеше два натпревари Франција-Австралија 2:1 и Иран-Шпанија 0:1.

Инаку, Куња влезе во историјата на Светските првенства, откако на дуелот Франција-Австралија прв го употреби ВАР системот. Тогаш во консултација со видео асистентите досуди пенал за Франција.

Scroll to Top