Уругвај, според шпанскиот весник „Марка“ е Астерикс на светскиот фудбал – мала држава опкружена со фудбалските гиганти Бразил и Аргентина, но со „чудесен“ напиток кој ги прави семоќни на големите натпреварувања.
Ова уште еднаш се покажа при 2:1 победата над Португалија во осминафиналето на Мундијалот во Русија, кога со фантастичните два гола на Единсон Кавани тие обезбедија пресметка со силната Франција во четврт-финалето.
Нормално, победата се прослави на улиците на престолнината на земјата со 3.4 милиони жители, Монтевидео, каде што сообраќајот беше блокиран од илјадниците фанови.