Рома се блиску до договор со Арсенал за да го земат англискиот интернационалец Ејнсли Мејтланд-Најлс на барање на Жозе Мурињо, тврди порталог „Goal.com“, со што ќе се исполни неговата желба за постојан фудбал и во исто време ќе стане уште еден англиски фудбалер на „печалба“ во Серија А.
Мурињо подолго време се жали дека му недостасуваат засилувања во средината на теренот, а додека 24-годишниот Мејтланд-Најлс, кој дебитираше за Арсенал во 2014/15, не е меѓу милениците на Микел Артета и во текот на летото тој јавно побара да добие трансфер.
Во Рома тој ќе им се приклучи на сонародниците Крис Смолинг (пристигна од Манчестер јунајтед) и Теми Абрахам (пристигна од Челси), додека во Италија редовен првотимец е ексдефанзивецот на Челси, Фикајо Томори во Милан.