Top Sport

Уште еден фудбалер се „здроби“ со петарди

Мексиканскиот фудбалер Јирген Дам ќе пропушти околу две недели тренинзи со актуелните мексикански шампиони Тигрес откако заработи изгореници од прв степен по инцидент со пиротехнички материјали на Нова Година.

25-годишното крило добил изгореници на десната страна на лицето, според Тигрес, но би требало да биде опоравен на време за дуелот со Кверетаро во третото коло од лигата.

Дам беше дел од тимот на Тигрес, кој со 3:2 го победи градскиот ривал Монтереј во финалето на Апертура, освојувајќи го трофејот во лигата.

Претходно, аргентинскиот фудбалер на ургувајскиот тим Пењарол, Лукас Виатри доби посериозни повреди на лицето од пиротехника користена на Божиќ.

Затоа не се „игра“ со петарди – лицето на Виатри уништено (вознемирувачко фото)

Scroll to Top