Top Sport

Уште еден Хрват во ростерот на „Росонерите“

Хрватскиот фудбалер од средниот ред, Никола Влашиќ е многу близу до трансфер во калчолигашот Милан од руска ЦСКА Москва.

Медиумите во Русија наведуваат дека „Росонерите“ понудиле 25 милиони евра за 23-годишниот фудбалер.

Засега проблем претставува барањето на ЦСКА. Тие сакаат 30 милиони евра за Хрватот.

Сепак, се очекува дека наскоро ќе бидат „испеглани“ деталите, уште повеќе што Влашиќ веќе ги договорил личните услови со челниците на клубот од Милано. Во Милан со успех настапува уште еден хрватски репрезентативец – напаѓачот Анте Ребиќ.

Влашиќ настапи во дресот на „коцкестите“ на завршеното ЕУРО2020, а на мечот против Шкотска што Хрватска го доби со 3-1 се запиша и во листата на стрелците.

Scroll to Top