Top Sport

Уште еден руски милијардер продаде премиерлигаш

Откако Роман Абрамович беше приморан да го продаде Челси, пред комплетирање е уште една продажба на премиерлигаш во сопственост на Русин, откако Американецот Бил Фоли е пред купување на Борнмут за 120 милиони фунти од Максим Демин, кој го купи клубот во 2011 година за само 850.000 фунти.

Американскиот бизнисмен Фоли, кој исто така е газда на НХЛ тимот, Лас Вегас најтс, ќе стане нов претседател на клубот и ќе се обиде да го заддржи во Премиерлигата.

Борнмут го отпуштија тренерот Скот Паркер во август по 9:0 поразот од Ливерпул, иако неколку месеци претходно ги врати во елитата, и во моментов тимот го предводи преодниот тренер Гери О’Нил, кој е непоразен во четирите меча, со една победа и три ремија.

Scroll to Top