Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, соочен со голем број на повредени фудбалери, решил да го префрли во првиот тим својот син Тео. Најмладиот син за Зидан, веќе одработил неколку тренинзи со тимот кој се подготвува за гостувањето во Ваљадолид.
Тео е четвртиот од семејството Зидан кој стигнал до првиот тим. Неговиот татко беше еден од најголемите ѕвезди на Реал, додека неговите браќа голманот Лука и Енцо, веќе не се дел од „кралскиот клуб“.
Според стручњаците, Тео е најталентираниот од браќата Зидан, висок е 195 сантиметри и игра на позицијата, централен фудбалер во редот за врска. Неговиот договор со Реал истекува по завршувањето на сезоната.