Top Sport

Уште една фудбалска трагедија, почина Дионатан Тешеира

Поранешниот дефанзивец на англискиот премиерлигаш Стоук сити, Дионатан Тешеира почина на 25 години од срцев напад.

Тешеира, кој играше за молдавскиот тим Шериф во Лигата на Европа оваа сезона, бил во Бразил кога му се слошило и во неделата бил однесен во болница , каде што починал.

Тешеира дојде во Стоук во 2014 година откако претходно беше на проба во повеќе тимови од Премиер лигата, вклучувајќи го и Манчестер сити. Но, неговиот престој во Англија беше одбележан со повреди и тој само двапати влезе во игра како замена за Стоук во три години во клубот.

Scroll to Top