Вејн Руни и на 35 години покажува дека не го загубил својот фантастичен талент, откако беше единствен стрелец во 1:0 победата на Дерби каунти над Престон норт енд за да ги заддржат шансите за бараж за влез во Премиер лигата.
Руни од над 20 метри, целосно го збуни голманот Деклан Рад, за Дерби да се искачи на седмото место во Чемпионшип, лигата каде што првите два тима влегуваат директно во Премиер лигата, а тимовите од третото до шестото место играат бараж.