Top Sport

Уште оваа сезона – Боатенг го напушта Баерн

Челниците на европскиот првак, Баерн Минхен, нема да му понудат нов договор на Џером Боатенг. Договорот на искусниот фудбалер истекува наредното лето. Тој ќе остане во Баерн до крајот на сезоната, а потоа како слободен играч ќе го напушти клубот.

Џером Боатенг цела деценија е во Баерн. Со клубот ги освоил сите трофеи, вклучувајќи и два во Лигата на шампионите. 32-годишникот за Баерн има одиграно 333 натпревари.

Германците шпекулираат дека сериозен интерес за него покажале Арсенал и Тотенхем.

Покрај Боатенг, Баерн, по завршувањето на сезоната ќе го напушти и Давид Алаба. Клубот не ги прифати мегаломанските барања на Австриецот, плата од 25.000.000 евра.

Баерн сепак нема да го продадат Алаба во јанаурскиот преоден рок, туку и тој ќе остане во Минхен до крајот на оваа сезона.

Scroll to Top